Get Adobe Flash player

За нас

 Македонската асоцијација за психотерапија (МПА) е национална umbrella психотерапевтска асоцијација формирана во октомври 2008 година. Таа настана со спојување на две национални асоцијации:

  •   MAP -IMIDZ
  •   MAPA

Во основите на  МПА  учествуваат:

  • Гешталт здружение ,,Контакт''  www.nagt-kontakt.com.mk
  • Гешталт здружение ,,Синтеза
  • Гешталт институт - Скопје  www.gestaltinstitut.edu.mk 
  • Здружение за интегративна психотерапија Големи и Мали
  • Македонско здружение за семејна, брачна и партнерска психотерапија  www.institut-alternativa.com.mk                                                                                         
  • Македонско Здружение за трансакциона анализа
  • Македонска Асоцијација за когнитивна и бихевиорална психотерапија  www.eabct.com     
  • Здружение за психодрамска обука и искуство Ј. Л. Морено  www.psihodrama.mk 

Индивидуачни членови

  • Марија Арсовска – аналотички психолог од областа на психотерапијата.  
  • Тања Ристановска – позитивен психотерапевт
  • Славица Ристановска -Гешталт психотерапија
  • Весна Јовановска
  • Лидија Николовска – Георгиевска
  • Јана Величковска
  • Оливера Стојановска
  • Јагода Алексиевска
  • Славица Јанковска
  • Марија Каранфилова
  • Костадинка Бојкова
  • Татјана Ристова – Димова

Во јуни 2009 година Македонската асоцијација за психотерапија стана членка на Европската асоцијација за психотерапија со статус на Национална umbrella организација (NUO)

Македонската асоција за психотерапија ги реализира целите на сопствениот Статут и се раководи од Етичкиот кодекс кој е усогласен со Европската Асоцијација за психотерапијата

Во текот на 2010 година кон здружението пристапија и:

  • Институтот за семејна и системска психотерапија - Скопје
  • Здружението за психотерапија и едукација Амигдала” – Скопје, 
а во 2012 и

  • Здружението за когнитивна терапија – Скопје
Досегашните активности се во правец на:
  •  Дејствување на психотерапијата како независна професија. Во досегашните активности добиена е и шифра за дејноста психотерапевт од страна на Заводот за статистика. За психотерапевт од страна на Заводот за статистика. За психотерапевт  (a2634.10), за Доктор по медицина психотерапевт ( 2212.07) Почната е и Собраниска процедура за усвојување на Предлог законот за психотераписка дејност.

  • Подигање на критериумите и стандардизација на тренинг програмите и акредитација на тренинг организации и институции според Европската асоцијација за психотерапија. 
  •  Популаризација на психотерапијата како научна дисциплина која влијае врз подобрување на менталното здравје и општата здравствена состојба на населението.